РИБИТЕ

Риби и Овен
Велат дека водата го гаси огнот. Факт е дека еластичните Риби имаат смирувачко делување на импулсивноста на Овните. Исто така факт е и дека овие водни суштества, иако се исклучителни на сентиментален план сепак такви  не се во другите околности во животот и дека ретко се мешаат во работите на својата околина, освен  ако некој не им побара помош. Овенот ќе биде среќен во таква околина. Ќе работи се што ќе му се допадне и ќе доаѓа дома да се одмори ако се повредил. Рибите за тоа нема да му ставаат забелешки. Прашање е дали воопшто ќе го забележат неговото отсуство. Но сепак, овде има и проблеми. Ако Овенот е премногу “надворешен” тип, а Рибите премногу “внатрешен”, како што и најчесто се случува, лошо ќе се разберат, ќе живеат во напнатост и на паралелен начин. Од друга страна ваквиот однос може да биде поволен за децата на овој пар, кои ќе ја користат енергијата на едниот и нежноста и чувствителноста на другиот родител.

Риби и Бик
Родените во знакот на Риби обожаваат некој за нив да се грижи. За да ја најдат см ислата на животот и за да не се почувствуваат тажно бескорисни и отфрлени суштества, ним им е потребно да веруваат дека се неопходни на саканата личност. Кога таквата личност ќе се загрижи  заради најмалото оддалечување, на Рибите тоа им е радост без граници и им оддава впечаток дека постојат (затоа многу луѓе родени во знакот на Риби  можат да се најдат во занимањата од социјалната сфера). Бикот, од своја страна и не бара ништо друго  освен за некого да се грижи и да го опкружува со нежност. Од друга страна, тој мрази кога некој му бега низ прсти и не му дава прецизни одговори на неговите прашања. Нему значи му требаат енергични Риби. Такви постојат - Риби кои се исполнета личност, кои имаат чувство за реалност, кои пливаат во права линија. Но, тоа е реткост и Бикот често ќе запаѓа во настапи на бес, како што само тој умее. Рибите тогаш ќе се чувствуваат виновни, што и обожаваат. Покрај подемите и падовите се добро ќе се заврши  под услов да ги избегнуваат драматичните страствени сцени.

Риби и Близнаци
Заедничко им е: способноста за прилагодување и склоноста кон фантазирање, забава и чудни нешта. Обожаваат бескрајно долго да дикутираат на неодредени теми и кога ќе дојдат до крајот не знаат за што зборувале на почетокот. Тука престанува позитивната страна на нив ниот однос. Всушност, Близнаците на Рибите често ќе им делуваат рамнодушно, затоа што Рибите се романтични и посакуваат постојано да живеат во бајка. Близнаците повеќе ја сакаат стварноста, дури и кога ја прилагодуваат на себе. Сакаат слобода, а најмногу мразат повторување на разнеженост, солзи и разгаленост. Рибите во тоа уживаат. Иако се ластични и прилично опуртунистички настроени, ќе се судираат со Близнаците кои ќе ги обвинуваат дека не слегуваат од нивниот грб. Овде ќе треба многу љубов, многу физичка привлечност, за работите да се одвиваат како што треба.

Риби и Рак
Нема ништо поирационално од оваа врска, која успева кога сите мислат дека ќе пукне, и која се растура кога изгледа дека е се во ред. Во еден момент се разбираат толку добро што ги воодушевува и ги воздигнува во светот на бајките. Во друг момент им се причинува дека еден на друг се потполни странци и дека залудно се бараат. Не можат да си ја анализираат својата положба. Сепак се сакаат, но се себични. Ракот сака Рибите да бидат помалку лизгави, а Рибите сакаат Ракот да личи на нив. Тоа е многу сложено. Ракот е повеќе врзан за стварноста, но Рибите се повеќе прилагодливи. Секој од нив на тој начин  има корист од таа врска дури и кога двајцата се расправаат.

Риби и Лав
Нивните заеднички точки не се многу очигледни. Рибите пливаат меѓу две води, опкружени со нејасни контури и исчезнуваат во чадот на секој изненаден и интензивен пристап. Лавот е реалиста, или тоа само посакува да биде. Тој сака чисти разговори и јасни одговори. Нивниот разговор се заканува да се претвори во неуспешен судир на авион и подморница, каде секој фрла проектили таму каде што мисли дека другиот се наоѓа. Сепак, овде има и позитивна страна. Рибите се романтични и обожаваат љубовни приказни. Лавовите се исто така романтични, но повеќе витешки. Сакаат трагедии, а Рибите се малку мазохисти. Можат да проживеат прекрасна приказна која би личела на филм. Ако приказната ја нема, ќе ја измислат.

Риби и Девица
Знакот на Риби на Зодијачкиот круг се наоѓа спротивно од знакот на Девица. Овде се работи за комплементарен однос на две различни битија на кои им треба извесна психолошка зрелост за да ги прифатат тие разлики. Рибите имаат богата фантазија, често се рассеани, страшно романтични и големи опортунисти. Девицата е уредна, разумна и аналитична и често ги пропушта приликите заради срамежливост. Во оваа врска едниот често и несвесно ги завзема ставовите на другиот, само заради рамнотежа. Со многу внимание, со помош на негување на нијансите и фина интуиција, можат да остварат нешто што се нарекува “идеален пар”. Но треба да се признае, тоа е  напорна работа.

Риби и Вага
Еве една многу таинствена и многу интимна врска. Заедничка точка: способност за прилагодување. Двајцата ја имаат оваа оваа особина во најголема мерка, која е отпорна на сите бури. Потоа, двајцата се многу чувствителни, многу нежни, многу деликатни во изразувањето на чувствата. Но и овде недостасува динамичен елемент, затоа што кога Вагите ќе паднат во една од нивните кризи на колебање, Рибите не знаат што да се прави. Малку се “отсутни”, малку се и аматери, но се вешти и еластични и дискретно ќе си помагаат во остварувањето на своите цели, без форсирање, а со пријателите ќе бидат прекрасни. Инспиративна врска и тоа најмногу на креативно ниво.

Риби и Скорпија
Ова е посебна и многу нијансирана врска, која е тешко да се разбере ако човек не е Риби или Скорпија и веќе тоа не го искусил. Многу често личи на садо - мазохистичка врска, што е, се разбира, совршено ако секој од нив двајца се чувствува добро во својата улога. Но, не се сите Скорпии садистички расположени, па затоа потчинетоста, недофатливоста и љубовната опсесија на Рибите - иако ги фасцинира на почеток - после неколку месеци почнува да ги нервира. Не се ни сите Риби мазохисти, со силата на својата еластичност, разбирањето и прилагодливоста, тие (и тоа незабележливо) ќе ја сведат Скорпијата на домашно животно без никаков отпор. Двајцата можат да се обожаваат толку многу, што на крајот ќе се изедат. Што и да било, овие двајца имаат толку заеднички склоности и слични фантазии, така што во заедничкиот живот нема да се досадуваат. Во најлош случај ќе потонат во мелодрама, и тоа со уживање.

Риби и Стрелец
На овој пар, навистина не им недостасува заеднички точки. Двајцата посебно ги сакаат патувањата, бекствата, удобноста, сигурноста, несигурноста и истовремено се воодушевени и егоцентрични. Имаат слични противречности и иста величенствена отсутност кога стварноста ќе им смета (едноставно - не ја признаваат и таа повеќе не постои). Значи, никакви проблеми во оваа врска, освен еден чувствителноста. Чувствителноста кај типичниот Стрелец е потчинета на идеалот и амбициите. Кај Рибите, чувствителноста опфаќа се и владее со се . Рибите не можат да ја совладаат, ги тресе како бура и ги остава задишени. Стрелецот може многу да страда, но тоа не го потресува толку многу. Неговата волја ги регулира тие работи. Во случај на криза разбирањето нема да се појави таму каде го очекуваат.

Риби и Јарец
Во оваа врска постојано Рибите ќе се жалаат дека Јарецот не ги разбира, дека не им обрнува внимание,  дека им се подсмева. Јарецот пак, се жали дека Рибите не се грижат за него, дека постојано му бегаат, дека не му одговараат на прашањата. Откако ќе се искукаат еден на друг, после расправијата ќе заминат во креветот затоа што таму многу добро се разбираат. Освен тоа тука е и страста. Јарецот тоа го возбудува зашто овој партнер  го фасцинира, вознемирува и поттикнува. рибите на тоа се препуштаат со драга волја, поточно во тоа се фрлаат со ненаситност. Од оваа врска може да испадне прекрасен брак, со минимални отстапки од двете  страни.

Риби и Водолија
Водолиите живеат од надеж, понекогаш и само од тоа. Против сите ветрови и бури таа е убедена дека се добро ќе се заврши. Рибите пак, имаат секогаш некоја мелодраматична приказна во животот, која си ја прераскажуваат во подморските пештери. Водолијата нема многу да разбере од наизменичните  настапи на очајување и романтични воодушевувања на Рибите. Но сепак, како и секогаш ќе се обиде и ќе се разнежи. Рибите од друга страна ќе бидат воодушевени од идеализмот на Водолијата. Можат заедно да работат, да помагаат на другите, да се почитуваат и сакаат. Двајцата ја сакаат слободата, пријателството и работата на тоа светот да стане поубаво место за живот. Можат да бидат заедно без посесивност. 

Риби и Риби
Ова наликува помалку на лонец од вештерка, се врие и се се меша. овие двајца, се разбира, многу личат еден на друг. Но и двајцата се толку многустрани, толку богати, толку недофатливи во бесконечноста на нивните нијанси, така да можат цел живот да се откриваат без да си досадат еден на друг. Уште повеќе, ќе бидат во состојба да ги менуваат улогите, од подчинети да станат надредени, од другари љубовници и обратно, а тоа најчесто без никаков напор. Ќе бидат нежни меѓу себе, нежни со семејството, нежни со пријателите... Ќе живеат во боемски и безгрижен амбиент, но од неприликите ќе се извлекуваат со изненадувачка леснотија. Нема да им бидат потребни зборови за да ги изразат своите снажни чувства. Им треба само некој што ќе се гржи за материјалните работи.