Јули
Работа

Јули е поволен месец за сите видови на професионална активност, како и за сите видови на интелектуален напор. Сепак најдобро е да го искористите за професионално усовршување, се разбира ако имате можност за тоа. Не претерувајте во проверување на работите, туку препуштете му се на вашата интуиција и дозовлете таа да ве води во изборот на тоа што треба да го работите и да одберете за во иднина. Ќе имате одлични идеи кои подоцна ќе можете да ги реализирате. Поамбициозните Риби кои планираат некои важни професионални чекори ќе наидат на препреки. Односите со претпоставените нема да ви бидат идеални. Не брзајте. Може да ве онерасположи навреда од страна на некој кој ви е многу важен во вашиот живот. Простете му, бидете потолерантни и заборавете. Многу ќе ви годат филозофско-религиозните теми. Ве советруваме да го работите она што ви прави најголемо задоволство. Со влегувањето на сонцето во знакот на Лав после 22 Јули, ќе ве зафати помалку меланхолично расположение кое ќе ви ги зголеми проблемите во работата. Додатната фрустрација ќе предизвика недоразбирања во работните проблеми, но и сами мора да признаете дека очекувате премногу. Ако не сте подготвени да покажете разбирање, не треба да очекувате да се случат чуда и обидете се да ги смирите нервите. Нема многу да уживате во потполната предаденост на работата и ќе ви се појават некои проблеми кои ќе ве демотивираат. Завртете се кон себе и подобро искористете го вашето слободно време. Ви препорачуваме прошетка во природа, кино и сл. или нешто друго што би ве правело задоволни. Прашањето во врска со парите овој месец ќе ви биде многу важно, па напнатоста ќе се зголеми за работите кои ги сакате, а во моментот не сте во можност да си ги купите. Немојте поради тоа да размилсувате за радикални потези како што е давање отказ и барање подбобра работа, туку смислете начин како ќе го постигнете и ќе го достигнете тоа што го сакате.


Љубов

Зголемениот број на комуникации доста ќе ве весели и тоа нема да го сметате за оптеретување како што често знаете да кажете. Покрај тоа надворешната динамика ќе ве смирува и ви се чини дека психички добро се чуствувате. Ќе имате прилика да се најдете во контакти со поголем број на луѓе каде до израз ќе дојде вашиот уметички, креативен и и забавувачки талент. Ќе бидете доста популарни и барани во друштво, меѓутоа и доста несигурни во љубовта. Од една страна ќе сакате да се дружите, да излегувате и да лудувате, а од друга страна сакате вашиот партнер да остане дома и да ве чека. Последно време премногу сте посесивни. Тешко ќе ја поднесувате одделеноста, па со тоа можеби и ќе си направите проблеми со партнерот. Интензивните комуникации со луѓето, слободните претставници доста ќе ги исцрпат, па ќе немаат време да си ја најдат својата љубов. Не го губете драгоценото време на непотребни работи. Ако сте во брак ќе бидете тврдолглави и помалку себични. Затоа можеби ќе си имате проблеми со партнерот. Заради мир ќе мора да бидете потолерантни. Некои заплеткани настани ќе ви создадат напната атмосфера. Очекувајте помали недоразбирања и распавии со партнерот кога вашето разбирање и поддршка ќе му бидат најнеопходни. Озборувањата, ситни лаги и измами ви се прилика за да ја испробате силата на вашата љубов. Следете го говорот на вашето срце и тело. Во втората половина од Јули општествениот живот ќе ве оддалечува од интимните проблеми и ќе ви овозможи романтични игри. Постои можност од краток и непредвиден флерт кој ќе ве изненади со подлабоки чуства, но внимавајте од идеализирање на другата страна. Почитувајте ги морални норми.


Здравје

Вашите енергетски потенцијали во месецот кој следи ќе бидат обновени. Ќе живеете малку поинтензивно од обично, повеќе движење, спорт, излегување и бурен ноќен живот. Поволната положба на Венера планетата на љубовта ќе ве обдари со привлечен изглед и одлична физичка кондиција. Животното темпо ќе ви биде доста динамично меѓутоа внимавајте во тоа да не претерате. Повозрасните сепак ќе мораат да внимаваат на своето здравје особено оние родените во првата декада. Можни се некои пореметувања во внатрешните органи особено цревата и бубрезите. Кај претставничките од понежниот пол можни се и гинеколошки пречки. Ако страдате од хронични болести посетете лекар, не одложувајте.


Совет

Не ситничарете во проверување на работите, препуштете му се на вашата интуиција и дозовлете таа да ве води.


Идеален партнер

Во текот на овој месец можете многу да уживате покрај некој кој е роден во знакот на Лав, но само овој месец, бидејќи ова е многу нестабилна врска. Нивните заеднички точки не се многу очигледни. Рибите пливаат меѓу две води, опкружени со нејасни контури и исчезнуваат во чадот на секој изненаден и интензивен пристап. Лавот е реалиста, или тоа само посакува да биде. Тој сака чисти разговори и јасни одговори. Нивниот разговор се заканува да се претвори во неуспешен судир на авион и подморница, каде секој фрла проектили таму каде што мисли дека другиот се наоѓа. Сепак, овде има и позитивна страна. Рибите се романтични и обожаваат љубовни приказни. Лавовите се исто така романтични, но повеќе витешки. Сакаат трагедии, а Рибите се малку мазохисти. Можат да проживеат прекрасна приказна која би личела на филм. Ако приказната ја нема, ќе ја измислат.