РИБИ
ЗДРАВЈЕ

Климата и психичката состоја многу влијаат врз здравјето на луѓето родени во знакот на Риби. Чувствителни делови на телото му се лимфниот систем, жлездите, стапалата, белите дробови. Најчесто болести од кои боледуваат се: реума, тумор, туберкулоза, болести на кои тешко им се дава дијагноза, хистерии, гонореа, катар, отоци. Поретко можат да ги нападнат психички пречки, дерформација на стапалата, дијабетис, подагра. За Рибите посебно се опасни сите наркотици, алкохолот и пушењето. Треба да се чува од влага, што помалку течности тоа подобро. Се препорачуваат прошетки на сув ветар, на суви места. Добрата клима за нив претставува добар лек. Се препорачува да јаде риба, компоти, козје месо, а понекогаШ добро ќе биде да се напие црно вино. Исто така како лек може да биде и добриот сон. Како пациент е подложен на сугестии, па затоа лекарот мора да биде внимателен со него.

ИСХРАНА

Мажот роден на крајот од зимата е полн со енергија исти како батерија. Како да е спремен да експлодира. Затоа постои ризик дека можеби ќе му треба и уште една партнерка за да се задоволи. Према кинеската медидицина мажитеродени во знакот на Риби имаат добра сентиментална и полова рамнотежа. неговата градба е влжна и млака и затоа постои опасност од собирање на тежности во ткивото -дебелеење.
            За да го направите појак и енергичен подготвувајте му ароматични јадења кои го сушат телото и предизвикуваат потење. Во оваа група спа”аат: лубеници, ананасот, кафето, морковот, костенот, зелката, краставиците, лукот, кокосот, боранијата, пченката, мандарините, мангото, дињата, јачменот и сливите. Ароматични јадења се сметаат; розмаринот, магдоносот и свежиот џумбир. Према источњачката медицина во редовна исхрана на вашиот маж роден во знакот на Риби потребни му се јадења богати со цинк и магнезиум кои ги има во остригите, полжавите, ракчињата, оревите, џигерот и квасецот.