РИБИ
КАЛКУЛАТОР ЗА ПОДЗНАК

Риби - Овен

Сложена мешавина на радост, воодушевување, оптимизам и социјална моќ, пасивност, субјективност, брутални и неуредни воодушевувања, личноста Риби - Овен има многу богата лепеза на психолошки нијанси. Ја изнеандува околината со наизменично фантазирање и молничави акции. Долго може да остане потопен во размислувања, навидум отсутен, а потоа поттикнат од примитивни и моментални импулси, да премине во акција со живост и ефикасност  кои никој не ги очекува. Иако понекогаш претерува, воглавно е страсно - романтично , великодушно и несебично битие кое е во состојба да се жртвува за да им помогне на оние кои ги сака, или да остане верно на хуманиот поглед на свет кој го има.

Риби и Бик  

Оваа личност ја мачи двојно искушение: како да ги помири својата сензуална лакомост према светот - за да го поседува - и својата неодолива желба да се стопи во него без препреки и ограничувања на телото и човековата судбина? За среќа, бавноста  на неговото размислување, неговиот стремеж кон пасивност и одложување на одлучувачките акции му дозволуваат да ги смири хаотичните движења на противречности. На тој начин наоѓа снага да биде потрпелив, поскромен, додека великодушниот карактер, склоноста кон жртва и несебичноста, му овозможуваат да се зачува од растурањето и непотребното трошење на неговите способности. Инвентивна личност талентирана за иновации со многу добра волја.

Риби - Близнаци

Неговата природа има повеќе лица и не секогаш го погажува она кое на луѓето им се допаѓа. Склон е на лапсуси, грешки од сите видови и нетактичности. Радознал е и отворен, често паѓа во индискретност и не се колеба наголемо да ги соопштува тајните на својата душа. оваа комбинација е тријумф на невоздржаност, неодреденост, нестабилност. Се додека во полна мерка не се свесни на тие психолошки проблеми Рибите - Близнаци живеат во некоја врста на блажена среќа населена со пусти желби.  Ако знае да го користи својот шарм, заводливоста и еластичноста на карактерот, може позитивно да се прилагоди на светот кој го опкружува и да воспостави искрени и несебични врски со другите.

Риби - Рак

Претераната осетливост ги изложува овие личности на сите можни надворешни влијанија што прави, на н екој начин филтер за луѓето и настаните на своето време. Приемчив е скоро како медиум и како да е надартен со некој вид на шесто сетило. Тешко одолева на иискушението да побегне од стварноста. Оваа личност толку подложна на впечатоци и склона кон мистицизам, не умее секогаш  да ги замол чи своите чувства и да ја сочува својата глава за ладна анализа. Неговата мисла која бега во сништа и фатаморгани понекогаш се смирува во творештвото. Неговата потреба за осаменост, мир и семејна интимност не му овозможува да се дружи со другите колку би било потребно за негов потполн процут.

Риби - Лав

Оваа личност многу често сака да се наметне. Тој другите ги интересира затоа што е сложен , понекогаш е жртва на неизвесност и многу често ги соопШтува состојбите на својата душа. Кога не може себеси да се афирмира како целосна личност, кога не може да пружи целосна слика на самиот себеси, тој се обидува во очите на другите да валоризира разлижни стремежи кои се во него и со извесна гордост смета дека има поинаква психолошка конструкција од обичниот смртник. Но овие луѓе можат да бидат и со способности да ги движат идеите пред своето време, да ги кристализираат и оживуваат. Можат да бидат херои, пионери и големи мистици. Важно е да бидат корисни за нешто, тогаш имаат впечаток дека успеале во животот. <

Риби - Девица

Светло и темно, стабилно и подвижно, цврсто и течно, интуиција и разум, субјект и објект судрени се овде во една меѓузависност која ги тера на соработка. На тој начин оваа двојна природа може психолошки да се обогати со искуства и сапоспознавање. Едната половина на ова битие би сакала онтелектуално и логички да ги помири спротивностите, а другата плива во две води, се провлекува секаде и пушта да ја носи колективниот тек. Кога внатрешното единство ќе се постигне добиваме еден вид комплетно човечко суштество кое во себе ги носи убавините и бедата на светот, кое ги одразува и разбира своите ближни. Тој живее со посебен  внатрешен ритам. Амбивалентен е , осетлив, подвижен, ужива во негување на своја посебна мистика.

Риби - Вага

Дифузна личност подлож а на влијанија, емотивна, која потполно се губи во другите, се даваат без услови и бара луда, апсолутна, тотална, разнов удна, грандиозна и разурнувачка љубов. Не е склон кон омраза, не е злопамтило, во состојба е да сака страсно дури и некого кому му нанесува болка, откажувајќи се еднаш за секогаш од желбата за поседување. Неодлчен карактер, изложен на влијанија од својата околина. Многу е шармантна и елагантна личност. Комбинација која дава сочуствителност, личност која сака да биде опкружена со убави работи, многу дручтвена и сака да ги изведува работита во тандем со партнерот. Пластичн оста на неголиот дух му овозможува да се вклучи во секоја општествена група. Многупати е важен посредник кој им помага на луѓето да се разберат и однесуваат.

Риби - Скорпија

Личноста се раствора во универзалното во живата вода и спротивните струи на Рибите и понекогаш сосема се помешува со надворешниот свет. Но Скорпијата е вода која менува, така што оваа комбинација се заканува да произведе вознемирено битие, неспособно да ја свати сопствената сложеност. Оставен на милост и немилост на движењата на свеста и подсвеста, талка обидувајќи се да го усогласи она што е на она што го опкружува. Посилни се и помистриозни во однос на другита Риби и никогаш на кажуваат се. Имаат магнетна привлечност за спротивниот пол. Ако успеат да го оствари психолошкиот склад меѓу волната интроспекција и битието прилагодено на неволјите на животот, Рибите - Скорпија стануваат фактор на заедништво, гаранција за големо разбирање меѓу поединецот и групата.  

Риби - Стрелец          

Ваквиот сојуз на Јупитеровите вредности на овие два знаци дава оптимистичка, поверлива, великодушна и мирољубива природа, спремна да го живее својот живот со полна пареа. Вдахновен со големи идеи разработувајќи амбициозни проекти кои ги надминуваат мерките на поединецот, тој се исполнува и потврдува во колективните остварувања. Многу развиена смисла за мистика, или чувство за припадност на нешто огромно, предизвикува кај него  комуникативно воодушевување. Ако луѓето од оој знак се многу ретко просечни, тоа не е зарадитоа што се поставуваат над останатите, туку затоа што сметаат дека нееднаквоста на луѓето не е препрека за напредокот на човештвото. Ако неговата апстрактна мисла не успее да го опфати светот, сепак му останува религиозното чувство кои во тоа ќе успее.

Риби - Јарец

Зависно од случајот тој е или крут под еластичниот изглед, или еластичен под крутиот изглед. Оваа личност не умее секогаш да го изрази она што го чувствува, но има вистинска великодушност и длабока потреба да биде корисен. Исто така е голем опуртуниста и умее, а да не се забележи тоа, да извлече своја корист од игрите и да ги одбрани своите интереси. Често се случува да се формира во личност која умее да ги поврзи поезијата и рационалноста од што извлекува корист за својата интуиција. Таквата личност тогаш е надарена со способност за предвидување, со пророчка дарба која дозволува н а неговиот разум да се вовлече во неопипливиот свет на скриените работи и феномените кои природата и душата не ги познаваат. Лесно паѓаат во депресии па им треба разведрување.

Риби - Водолија

Оваа личност е многу солидарна со средината во која живее, со групата или со човештвото воопшто. Природна е се другите, потребен и е допир, размена, вербални и физички врски. Големото интересирање за колективното, поврзано со духовните стремења и големата фантазија, со голема чувствителност, ја водат кон идеалот на животот во кој другите  завземаат  многу важно место. Човекот со оваа комбинација страда кога е сам, ограничен и замолчен. Му треба движење, настани за да ја задоволи својата подвижна личност. Може да стане рамнодушен на малите секојдневни работи и да ги заборави материјалните нужности. Рибите-Водолии покажуваат исклучителна способностза воопштување, за синтеза на повеЌе нешта во заедничка слика. На тој начин може да ги здружи луѓето кои наизглед не се разбираат.

Риби - Риби

Без точки на потпора, без модел, личноста на Рибите се растура во мноштвото и останува неодредено да плива. Ова битие живее наслушнвајќи го светот. Во него се мешаат  реалното и измисленото, физичкото и поетското во некој вид мистична заедница. Неговите идеи за природата толку се мешаат со самата природа, што тоа го наведува на помисла дека би можел да врши некакво магично влијание на нештата, суштествата и појавите. Има способност за прилагодување на промените и извонредна еластичност. “Дуплите Риби” по природа се многу креативни, само треба да пронајдат начин како тоа да го искажат низ својот живот и работа. Секојдневието не е за нив, сакаат да бидат слободни, без многу правила и закони. Самодисциплината може да им претставува проблем.