СТРЕЛЕЦОТ

СТРЕЛЕЦ И ОВЕН
Астролошки оваа врска е одлична, затоа што на Овновиот темерамент совршено му одговараат кондицијата и снагата на Стрелецот. Се што ќе превземат заеднички ќе биде полно со ентузијазам и оптимизам. Во потполност одговараат еден према друг, како сексуално такла и во семејна заедница. Таквиот брак гарантира мирен семеен живот полн со разбирање и надополнување. Нивниот сексуален живот Ќе биде задоволителен под услов да најдат време за тоа, затоа што преѕтерувањето во активностите надвор од дома може да ја загрози важноста на сексот во нивната заедница. Среќна врска.

СТРЕЛЕЦ И БИК
Овие два знаци многу ретко можат да створат добар пар. Нивните погледи на светот се премногу различни за да можат да се доведат до компромис. Никако не се сложуваат, апосебно не во сексот. Додека Биковите се луѓе од акција Стрелците се преполни со раллични идеи и замисли. Ако пак таков пар сепак се состави, двајцата мораат во голема мерка да се променат и прилагодат еден кон друг. Љубомората на Бикот може да биде почеток на крајот во ваквиот однос, затоа што Стрелецот ќе фрелтува со секого со кој ќе дојде во контакт. Ова е многу фрустрирачка и за нервите многу незгодна врска.

СТРЕЛЕЦ И БЛИЗНАЦИ
Овие два знаци се сложуваат скоро одлично. По природа двата се интелектуални. Бидејќи двајцата се со променлив карактер, не и обраќаат многу внимание на верноста, а не им е ни важно. Исклучително добро се сложуваат во креветот, каде после се, можат уште долго да разговараат за многу различни работи. Кратко речено ова е весел пар кој умее интересно да го проживее заедничкото време што осигурува долготрајна брачна врска без монотонија. Оваа заедница може да биде добра некое време, но за двајцата би било мудро да најдат постабилни партнери ако сакаат нешто повеќе од авантура.

СТРЕЛЕЦ И РАК
Овие дава знаци можат да соработуваат идеално но проблемите настануваат кога ќе се појави меѓусебна љубов. Авантуристичкиот карактер на Стрелецот никако не одговара на нежниот Рак. Освен тоа имаат различен однос спрема животот. Во сексот Стрелецот е премногу непредвидлив и експлозивен, додека на Ракот за потполно задоволување му е потребно нешто подолго време. За Стрелецот Ракот е премногу напорен и романтичен, но многу зависи од длабочинат ана љубовта на Стрелецот, но најчесто чувствата на Стрелецот не се доволно длабоки за да ги победат препреките во оваа врска.

СТРЕЛЕЦ И ЛАВ
Двата знаци се со огнена природа па таква ќе биде и нивната љубов. Нивниот сексуален живот е нагласен и тоа во прв план, а несогласност се јавува во општествените интереси и желби. Стрелецот многу често има склоност кон кокетирање со спротивниот пол и често се впушта во прељуби. Во оваа комбинација Стрелецот е далеку поснажен партнер. Гордоста на Лавот можеби ќе биде причина за нивната права кавга, затоа што ако забележи, Стрелецот дека му се восхитува на некој друг, ќе биде повреден и ќе ја прекине врската. Иако расправиите можат да бидат чести оваа врска сепак може да се одржи и да биде извонредна.

СТРЕЛЕЦ И ДЕВИЦА
Оваа врска најчесто е со платонски карактер. Најголемиот виновник за тоа е лесноумниот карактер на Стрелецот и неговата спремност за љубовни авантури. Љубовта која и е толку потребна на Девивцата е една од последните работи која може да го трогне Стрелецот. Стрелецот е неодговорен и проблематичен знак, а на неговиот партнер Девица најчесто не му одговараат неговите сексуални потреби. Девицата веројатно ќе заклучи дека во сексот Стрелецот премногу бара и деку дури е сексуален манијак. Овие двајца можат да бидат добри пријатели но не би било мудро да завлегуваат во нешто подлабоко.

СТРЕЛЕЦ И ВАГА
Двајцата се големи авантуристи, па затоа можат прекрасно да се забавуваат и да бидат истовремено добри пријатели. Ако дојде до брак, сеуште исклучително многу ќе ја ценат слободата пришто двајцата ќе се впуштаат во авантури. Ваквата склоност сепак може да ги наруши нвните меѓусебни односи, затоа што ваквиот пар е еротски радознал и склон кон експеринменти. Можат да се створат неприлики заради неуредниот изглед на Стрелецот, кој многу и значи на Вагата. Иако ова не е многу иделана врска сепак може да биде многу возбудлива зартади нивната обострана сексуална привлечност.

СТРЕЛЕЦ И СКОРПИЈА
Оваа комбинација не е многу пожелна, затоа што двајцата имаат различен карактер. Најчесто Стрелецот е со весела природа, што не е типична одлика за Скорпиите. Во сексот покрај се можат одлично да се сложуваат иако Скорпијата е многу постраствена и спремна на потрајни односи отколку нејзиниот партнер Стрелецот. И токму заради склоноста на Стрелецот заради неверство ваквите врски се обично краткотрајни и привремени, но сепак со многу занос и меѓусебна симпатија.  Скорпијата никогаш не ќе може да ги покаже своите најдлабоки чувства, а за нестабилноста на оваа врска секако ќе допридонесе нејзинаат огромна љубомора.

СТРЕЛЕЦ И СТРЕЛЕЦ
Овие двајца најмногу обожаваат авантури и во секој поглењд одлижно се сложуваат. Нивниот сексуален живот е успешен и интересен, но вистина е дека на љубоват не и придаваат големо значење. Еден на друг си нудат потполна слобода во сите погледи. И покрај тоа што заеднички уживаат и живеат интересен заеднички живот, на ниту еден од нив ни најмалку нема да му смета, ако партнерот го проживува своето време во непознато друштво. На кратко кажано во овој пар нема ни малку љубомора, напротив таквиот начин на живот уште повеќе ги зближува. Ова е сестрана сексуална комбинација, двајцата се спремни да експеримантираат, па затоа се можни и оргии.

СТРЕЛЕЦ И ЈАРЕЦ
Можеби на прв поглед ќе изгледа чудно но ваквата комбинација на знаци не е воопшто згодна. Пред се проблемот е во нивните различни карактери. Нивната љубов, доколку се јави е многу ретко силна и најчесто таа трае многу кратко. Независноста и слободата на Стрелецот воопшто не се вклопуваат во конзервативната природа на Јарецот. Проблеми можат да се очекуваат и во нивниот физички однос. На сексуалните апетити на Стрелецот, Јарецот одговара со рамнодушност. Иако понекогаш можат сексуално да се сложат, сепак тоа не е доволно да се премине бездната на нивната врска.

СТРЕЛЕЦ И ВОДОЛИЈА
Ова е сјајна комбинација на две инвентивни и друштвени суштества. Одлично се сложуваат во сите подрачја па и во сексот. Често се движат во одбрано друштво и нивното однесување е снобовско. Тие всушност внимаваат на сите ситници, како во друштвото така и во приватниот живот. Стрелецот нема сексуални инхибиции и е потопла личност отколку Водолијата. Недостатокот на љубомора кај Водолијата и нејзината доверба Стрелецот може да го протумачи како отсуство на вистински чувства. Несогласност може да се јави во нивнаите емоционален однос.

СТРЕЛЕЦ И РИБИ
Овоја пар секогаш е на границата помеѓу доброто и злото, така да нивниот однос никогаш не е стабилен и сигурен. Додека Стрелецот многу не се загрижува за семеен живот и растрчува наоколу, дотогаш за Рибите е од големо значење. Сексот би може да ги зближи затоа што и на едниот и на другиот им е многу важен. Стрелецот сексуално е многу активен и ќе прифати активно да учествува во сексуалните фантазии на Рибите. Но бидејќи можат да бидат поврзани само физички, оваа врска нема долго да опстане и тиа ќе почнат да барат некого со кој ќе бидат среќни и во креветот и надвор од него.