СТРЕЛЕЦ
Работа
Иако годината ќе ја започнете помалку марзеливо сепак плодовите од 2023 година ќе почнете да ги збирате токму сега. Јануари ќе ви биде во накот на финансиите највероватно ќе пристигнат пари од некакви продажби на недвижнини, меѓутоа ве очекуваат и загуби во брзите и рискантните вложувања. Исто така постои можност за некакви спорови околу наследство или поделби особено ако се работи за решавање на спор помеѓу бивши брачни другари. Периодот е посебно добар за оние кои се занимаваат со некаков семеен бизнис. Во Фебруари пречките и споровите се расчистуваат овој пат со добар исход и во ваша полза. Периодот е добар за медиумски настапи и комуникација со пошироките маси. А посебно е добар за кратки деловни патувања. Март ќе биде особено добар за комуникациите и за сите видови на преговори, ќе бидете доста шармантни, па кога на другата страна ќе имате сопарник од спротивниот пол, успехот ви е загарантиран. Финансиските трансакции кои се косат со законот ќе бидат неуспешни, па затоа во овој период обидете се да ги избегнувате. Во Април малку ќе мирувате. Обврските во семејството и проблемите во љубовта ќе ве отргнат од работата, меѓутоа затоа во Мај настапувате повторно овој пат потактично, помудро и посмирено. Доколку продолжите со ваквиот начин на работа и ја потиснете нагласената амбициозност успехот ви е загарантиран. Советуваме за овој месец целосно да се посветите на кариерата, а да ги занемарите финансиските проекти. Можни се проблеми со соработниците не ја искривувајте вистината, па макар и да имате голема корист од тоа. Јуни се подобруваат комуникациите. Летниот период е особено добар за медиумски настапи додека во Јули ќемора да бидете внимателни во трошењето на парите. Ве очекуваат непланирани трошоци поврзани со семејството. Можеби ќе позајмувате внимавајте на сумата и добро испланирајте дали сте во можност да ја вратите. Во август состојбата се подобрува, успесите на работното место и добро реализираните проекти ќе ви донесат одлична сума на пари со кој аќе покриете голем дел од торшоците. И понатаму ќе бидат присутни пречките во комуникацијата. Овој месец исто така е добар за патувања на подолги релации и највероватно ќе патувате меѓутоа не од деловни причини. Септември делосно ќе се насочите кон кариерата, можеби ќе потрошите одредена сума на пари се со цел подобро напредување донекаде тоа е добро, меѓутоа внимавајте на сумата да не претерате. Во Октомври повторно влегувате во пасивен период не исполнувањето на обврските ќе биде честа појава, а исто така проблемите во финансиите ќе ги оставите да се решаваат сами посебе. Највероватно ќе претерате со вашето хоби можеби и тоа ќе биде причината за ваквата состојба. Во ноември работите повторно се средуваат со влегувањето на Сонцето во вашиот знак се подобрува и финансиската состојба а доаѓа и долгоочекуваната помош од пријателите. На работното место постојано ќе бидете во некаква игра со издигнувања и падови, но повеќето од нив ќе бидат корисни за вас. Во целост 2024 година е добра за кариерата и финасиите. Посебно поволна ќе биде за родените во првата декада.



Љубов
Шармот кој ќе го поседувате, добрата финансиска положба и одличната комуникативност се добри предиспозиции за нова љубовна врска во почетокот на 2024 година. Меѓутоа за жал среќата нема да биде на ваша страна. Колку и да се трудите на крајот секој обид неуспешно ќе завршува. Проблемите во бракот почнуваат на самиот почеток на Јануари непотребно ќе браните гордост пред партнерот и ќе воведувате некој ред и дисциплина во домот. Во Фебруари состојбата во бракот нагло се подобрува ве очекуваат кратки романтични патувања со партнерот кои ќе ви ги хармонизираат односите. Во Март слободните сеуште ќе трагаат по нова љубов, но и понатаму обидите ќе бидат безуспешни. Во семејството се јавуваат нови проблеми поврзани со финасиите или со ваша презафатена на работното место, па неисполнување на ветеното. Во Април можна е нова љубовна врска која највероватно кратко ќе трае и ќе заврши со расправии и афери. Во семејството конечно се средува ситуацијата во овој месец доаѓа до хармонизација на односите и целосно средување на проблемите . Мај ќе ви биде во знакот на раоботата, па нема да покажувате некој посебен интерес за љубов. Во Јуни повторно ќе патувате со партнерот но овој пат на подолги релации . овој месец е одличен за оние кои се во брак, хармонизација на односите, па дури е добар за флертување и тајни љубовни врски. Можни се мали недоразбирања со некој член од семејството кои ќе потраа преку целиот летен период, а на крајот можеби ќе завршат со бурни расправии, а можеби и физички пресметки. Есенскиот период е неутрален некои посебни настани нема да имате освен во месец Октомври кога повторно се јавуваат проблемите во семејството. Се работи за конфликт помеѓу две генерации, а истиот ќе остане таков се до крајот на 2024 година. Во Ноември следува мала хармонизација на односите како и во Декември меѓутоа проблемот и понактака ќе постои. Генерално 2024 година не е многу поволна за љубов за Стрелците повеќето од слободните Стрелци ќе наемаат вистинаска прилика за љубов додека оние во брак во мал дел од годината ќе се чуствуваат сакани. Нагласени се проблемите во семејството преку целата година особено во есенскиот и зимскиот период. Доколку имате план да ја крунисате љубовта оваа година сторете го тоа на почетокот од годината подоцна периодот не е поволен.



Здравје
Некои посебни тешкотии со здравјето годинава нема да имате. Малку почувствителни ќе бидат родените во втората декада додека останатите ќе треба да внимаваат на повреди посебно во летниот период. Зимскиот период ќе ви биде намален имунитет за кој секако потребен ви е витаминот Ц. Водете повеке грижа околу исхраната, особено за витамините и минералите во неа. Во втората половина од годината ќе бидете под позитивно планетарно делување во поглед на здравјето но и понатаму потребна е поголема внимателност од повреди. Намалете го пушењето и и прекинете на кратко со алкохолот Сите проблеми на работното место негативно ќе се одразуваат врз вашето здравје во текот на целата година, а ќе се рефлектираат во вид на воспаленија и најразлични неочекувани болести. Со влегувањето на сонцето во вашиот знак очекувајте подобрување на здравствената состојба и влевање на огромно количество на енергија.