Деловните настани во овој месец би можеле да бидат доста големи, па за многу Стрелци кои веќе не отишле на годишен одмор, можно е, во оваа година да останат без него. Едноставно ќе бидете принудани да останите на работното место и да го завршите проектот кој сте го започнале. Се разбира тоа нема да ве воодушеви, особено ако знете дека ви се овозможени голем број на патувања надвор од земјата. Прифатете ја ситуацијата каква што е без многу да приговарате, следуваат големи награди или пак преуредување на деловниот живот и подобро работно место кое навистина го заслужувате. Ќе чувствувате бескрајна потреба за летото и уживањето, а сепак мислите ќе ви бидат на работното место. Првите две декади од месецот помалку ќе ви бидат исполнети со нервоза, поради неможноста да стигнете да ги исполните сите обврски. Трудете се колку што можете и не бегајте од одговорностите. Повремените нервози и напнатост ќе предизвикуваат и краток спој во комуникациите помеѓу вас и деловната околина. Меѓутоа добрата поставеност на Венера е гаранција за брзи помирувања кои ќе сладат после жешките расправии. Можни се контакти со странство или деловни патувања надвор од земјата кои ќе бидат прилично успешни. Последната декада од месецот ќе ви донесе огромна енергија и способност за планирање која ќе ви овозможи да ги надминете сите проблеми, но сеуште ќе ви треба сталоженост и трпеливост. Финасиската состојба нема да доживее некои позначајни промени. Освен секојдневите трошоци ќе имате некои дополнителни издатоци, кои нема да ја нарушат финасиската сигурност.
Првата половина од Август ве очекува интензивен љубовен период. Исто така добриот аспект со Меркур, укажува на тоа дека воглавно ќе се занимавате со освојување, доколку сте слободни или со решавање на љубовните проблеми, доколку сте во љубовна врска. Критериумите ќе ви бидат доста високи, па нема да влегувате во некои површни авантури како што знаете тоа често да го правите. Ќе барате возбудување и страст меѓутоа за тоа ќе ви треба некој кој навистина го заслужува вашето внимание. Некои можеби и ќе претераат, па ќе ги привлекува нешто што е недостижно или нешто што тешко се освојува. Најповеќе успех ќе имате со странците. После 15 Август состојбата во љубовта ќе стане малку понапната, па би можеле бурно да реагирате и на најмалите неправилности во однесувањето на вашиот партнер. Не го нарушувајте неговото добро расположение поради безсмислени постапки, па макар и да сте во право. Стрелците кои ќе заминат сами на годишен одмор ги очекува доста возбудлив период, но при тоа имајте на ум дека најповеќе среќата ќе ве прати кај странците. Не размислувајте премногу, едноставно тргнете во љубовните авантури. Оние неслободните би можеле годишниот одмор да го поминат без партнер. Можеби тоа моментално ќе ве онерасположи, меѓутоа ќе имате незаборавни моменти на дружење пријателство, ноќен живот и сл. Оние во брак со многу оптимизам ќе заминат на летување. Ве очекува страствен одмор кој ќе ја интензивира љубовта и ќе внесе нова привлечност во вашата врска. Кон крајот на месецот заборавете на забавата и уживањето и зафатете се со работа и средување на семејните обврски. Некој член од семејствот ќе ви забележи дека се однесувате помалку неодговорно, можеби тоа ќе биде поради презафатеноста на работното место или поради кратките патувања, кои ќе бидат чести, а и често ќе предизвикуваат расправии во семејството.
Преку целиот месец ќе зрачите со привлечен изглед, шарм и сјаен поглед. Здравјето ќе ви биде добро, а со тоа и ќе се наоѓате во добра физичка форма. Доколку планирате промени во надворешниот изглед и воопшто целиот начин на живеење би било добро тоа да го направие уште на самиот почеток од Август. Постарите Стрелци ќе имаат зголемен апетит па покрај проблемите кои можат да се појават со килажата исто така можат да имаат проблеми со црниот дроб и жолчката. Не би било лошо ако направите еден систематски преглед и така ги спречите непријатните и долготрајните здраствени проблеми.
Преку целиот месец ќе зрачите со привлечен изглед, шарм и сјаен поглед. Здравјето ќе ви биде добро, а со тоа и ќе се наоѓате во добра физичка форма. Доколку планирате промени во надворешниот изглед и воопшто целиот начин на живеење би било добро тоа да го направие уште на самиот почеток од Август. Постарите Стрелци ќе имаат зголемен апетит па покрај проблемите кои можат да се појават со килажата исто така можат да имаат проблеми со црниот дроб и жолчката. Не би било лошо ако направите еден систематски преглед и така ги спречите непријатните и долготрајните здраствени проблеми.
Би било добро срцето да му го подарите на некој темпераментен Стрелец и заедно да се подготвите за авантури. Овие двајца најмногу обожаваат авантури и во секој поглењд одлижно се сложуваат. Нивниот сексуален живот е успешен и интересен, но вистина е дека на љубоват не и придаваат големо значење. Еден на друг си нудат потполна слобода во сите погледи. И покрај тоа што заеднички уживаат и живеат интересен заеднички живот, на ниту еден од нив ни најмалку нема да му смета, ако партнерот го проживува своето време во непознато друштво. На кратко кажано во овој пар нема ни малку љубомора, напротив таквиот начин на живот уште повеќе ги зближува. Ова е сестрана сексуална комбинација, двајцата се спремни да експеримантираат, па затоа се можни и оргии.