15 Април - 21 Април
Работа

Состојбата ви е доста напната. Се повеќе луѓе од околината кај вас предизвикуваат отпор и нетрпеливост. Избегнувајте поголеми друштва и собири, а стеснете го кругот на луѓе со кои работите. Луѓето кои ве опкружуваат не ви се наклонети, а настојуваат да ве оневозможат на било кој начин. Ќе се занимавате со семејни прашања и превирања. Ќе се нервирате поради односите со вашите домашни и не ќе можете да им докажете некои основни работи за кои мислите дека не се во право. Тешко ќе ви оди средувањето на станот или некои други домашни обврски, а со гостите едноставно ќе бидете нељубезни особено со ненајавените. Ви треба релаксација. Време е да си посветите време лично за себе и да се релаксирате од работата. Не го запоставувајте вашето хоби.

Љубов

Обидете се да го изразите сето она што го чувствувате и по никоја цена немојте тоа да го сокривате. Наклонетоста на вашиот партнер многу ќе ви значи. Во брачниот живот се зависи од вашето прилагодување.

Здравје

Чуствително, внимавајте на дишните патишта и белите дробови. Намалете со цигарите.