ПОЧЕТНА

ЉУБОВЕН КАЛКУЛАТОР Ljuboven kalkulator
ОВЕНОТ

Овен и Овен

Овните се пречувствителни на главата, но не само физички. Затоа врската на двата припадници на овој знак дава слободно изразување на своите ставови, дури и кога се дијамертално спротивни. Овие луѓе никогаш не лажат и тоа најчесто е  најголемата опасност за нивниот однос, оголување до сржтта со недостаток на романтична замагленост. Самиот овај знак е доста машки, па жената од овој знак е активна личност, полна со идеи, иницијатива и желба за успех во животот. Овие луѓе поседуваат детска сигурност дека кавгата ќе биде пребродена, врската зацврстена секој пат после раскинувањето. Желбите на Овенот се желби на Марсот затоа секогаш се многу силни. Чувствата се олујни, а сексот помеѓу двајцата е чудесен.

Овен и Бик

И Овенот и Бикот имаат рогови и за тоа треба да се води сметка. Првиот е иницијатива, а вториот реакција. Затоа секој однос помеѓу овие двајца го започнува Овенот. Овенот спојува мостови, а Бикот има смисла за хумор. Ако Овенот и Бикот успеат да воспостават слободен однос на давање и замање, користа ќе биде посебна и обострана. Овенот може да го фрустрираат Биковите чести периоди на маленкост и интроспекција. Грешката која Овенот обично ја прави во овој однос е барањето од Бикот брзо да донесува одлуки, а за него тоа е невозможно. Заедницата од Овен и Бик може да биде негативна за опстанокот на општеството, како резултат на необичната крутост спрема другите.

Овен и Близнаци

Овие два типа брзо се откриваат и меѓусебно се поверуваат, а љубовта на прв поглед не е без опасност. Овенот нема да биде доволно задоволен заради брзоплетоста и површноста на Близнаците, па затоа врската е доста нестабилна. Мажот Близнаци ја опсипува жената со многубројни безначајни подароци; жената Близнаци потскокнува околу мажот-оган. Ако прејако изразениот ерос на Овенот или силната љубопитност на Близнаците не ја расипат врската во младоста, ги чека среќна старост.

Овен  и Рак

Во оваа врска не може да дојде до усогласеност исто како водата и огнот. Двајцата трпат, се расправаат заради куќата, родителите домот и татковината. Среќна околност е тоа што Ракот може долго да трпи па се некако природно тече. Не ги врзува страст затоа што огнените чувства на Овенот и водените длабоки чувства на Ракот никогаш нема да се усогласат. Овенот во љубовта е агресивен, а во сексот не обраќа внимание на потребата на Ракот за романтика и нежност. Кога едната личност е толку сложена, а другата толку директна тешко е да се оствари хармонична врска.            

Овен и Лав
Во оваа врска конфликтните ситуации можат да имаат важна улога, бидејќи и двата партнера уживаат во тоа. Ако се појават финансиски проблеми, животот би можел да стане многу тежок за нив, бидејќи и едниот и другиот имаат изразена потреба за удобност во животот. Агресивноста која е присутна и кај Лавот и кај Овенот, може да се одрази во креветот особено после некоја жестока расправија. Овенот можеби ќе ужива да води љубов, а истовремено да го мрази Лавот.

Овен и Девица
Огромни емоционални разлики, Девицата многу тешко се заљубува, додека Овенот е импулсивен и има краткотрајни и силни чувста. Бидејќи и Девицата и Овенот тешко  ја менуваат својата природа, па поради тоа, Девицата е принудена да ги прифати сите особини на Овенот кои не и одговараат и најдбро е своите забелешки да ги задржи за себе, а не гласно да ги изнесува. Разлики постојат и во финансиските погледи, Девицата е штедлива, а Овенот лесно ги троши тешко заработените пари. Оваа врска е осудена на пропаст.

Овен и Вага
Приказна за убавицата и ѕверот, каде Овенот е секогаш ѕверот. Спротивни знаци кои се надополнуваат. Се судираат и препознаваат кај другиот она што го кријат кај самите себе. Подобро е ако е мажот Овен, а жената Вага, бидејќи Овенот останува доминантен. Иако Овенот е многу побучен во судирот, сепак Вагата е поопасна кога ќе се налути. Секогаш чувствуваат некаква чудна меѓусебна привлечност, но дали таа ќе одолее на времето, тешко е да се каже. Секогаш ќе постои извесна доза на иритираност.

Овен и Скорпија
Скорпиите се мајтсори за напаѓање, со ладни и паметни стратегии и чувство за препознавање на туѓите слабости. Но ниту пак Овните се плашливци. Оваа комбинација секогаш е динамична иако воглавно Овенот најчесто се брани. Меѓу овие знаци постои меѓусебна фасцинираност и тешко е да се задржи овој однос. На брзиот и подвижен Овен му треба многу простор и слобода. Скорпијата секогаш го контролира партнерот, а тоа ги спечува дури и оние помирните и посемирени Овни. Ова е доста опасна врска. Двојниот Марс и силното влијание на Плутон  ги зголемуваат страстите, но и приходите. Многу е тешко да се задржи оваа врска, но ако успее љубовното искуство е едно од најчудните во Зодијакот.

Овен и Стрелец
Астролошки оваа врска е одлична, затоа што на Овновиот темерамент совршено му одговараат кондицијата и снагата на Стрелецот. Се што ќе превземат заеднички ќе биде полно со ентузијазам и оптимизам. Во потполност одговараат еден према друг, како сексуално така и во семејна заедница. Таквиот брак гарантира мирен семеен живот полн со разбирање и надополнување. Нивниот сексуален живот ќе биде задоволителен под услов да најдат време за тоа, затоа што претерувањето во активностите надвор од дома може да ја загрози важноста на сексот во нивната заедница. Среќна врска.

Овен и Јарец
На општествен план Овенот може позитивно да делува на Јарецот, на тој начин што ќе го вклучи во своите активности и тој можеби ќе свати дека во животот има уште нешто освен работата. Но Јарецот автоматски ќе реагира на присуството на спротивниот пол што ќе предизвика љубомора кај Овенот, затоа што тој сака да го поседува својот партнер во душата и телотот. Во нивниот сексуален живот не би требало да има проблеми. Ако сепак се појават ќе бидат поврзани со мрачните расположенија на Јарецот, но и директноста на Овенот в кревет понекогаш може да биде навредлива.

Овен  и Водолија
Кога двајцата првпат ќе се сретнат, мометот е величенствен, експлозивен како гром. Оваа љубов брзо се разгорува, но исто така може да се угасни брзо. После првото дете, овој однос останува заради децата и околината, двајцата почнуваат умерено да се дистанцираат. Оваа врска е многу интересна, може изненадно да започне, но може и да потрае. Ако дојде до неверство, Овенот одма ќе раскине, додека Водолијата нема да поставува многу прашања за тоа. Ако двајцата се интелектуалци оваа врска може да биде трајна и интимна, бидејќи во тој случај помалце ќе бидат подложни на предрасуди.

Овен и Риби
Велат дека водата го гаси огнот. Факт е дека еластичните Риби имаат смирувачко делување на импулсивноста на Овните. Исто така факт е и дека овие водни суштества, иако се исклучителни на сентиментален план сепак такви  не се во другите околности во животот и дека ретко се мешаат во работите на својата околина, освен  ако некој не им побара помош. Овенот ќе биде среќен во таква околина. Ќе работи се што ќе му се допадне и ќе доаѓа дома да се одмори ако се повредил. Рибите за тоа нема да му ставаат забелешки. Прашање е дали воопшто ќе го забележат неговото отсуство. Но сепак, овде има и проблеми. Ако Овенот е премногу “надворешен” тип, а Рибите премногу “внатрешен”, како што и најчесто се случува, лошо ќе се разберат, ќе живеат во напнатост и на паралелен начин. Од друга страна ваквиот однос може да биде поволен за децата на овој пар, кои ќе ја користат енергијата на едниот и нежноста и чувствителноста на другиот родител.