ВАГАТА

ВАГА и ОВЕН
Приказна за убавицата и ѕверот, каде Овенот е секогаш ѕверот. Спротивни знаци кои се надополнуваат. Се судираат и препознаваат кај другиот она што го кријат кај самите себе. Подобро е ако е мажот Овен, а жената Вага, бидејќи Овенот останува доминантен. Иако Овенот е многу побучен во судирот, сепак Вагата е поопасна кога ќе се налути. Секогаш чувствуваат некаква чудна меѓусебна привлечност, но дали таа ќе одолее на времето, тешко е да се каже. Секогаш ќе постои извесна доза на иритираност.

ВАГА и БИК
Во оваа комбинација, двајцате се под заштита на Венера, но немаат многу сличности. Вагата е нежна и површна, додека Бикот стабилен и посесивен. Вагата планира на кратки патеки, а Бикот на што поголеми. Оваа врска може да се развие од заедничката љубов кон уметноста, двајцата се опседнати со убавината и се луѓе кои имаат голема креативна енергија. Но тоа не е доволно. Постојат разлики и во сексуалниот живот, затоа Што Бикот е многу корзевативен и нееластижен за да ги задоволи потребите на Вагата. Многу несигурна врска.

ВАГА и БЛИЗНАЦИ
Две уметнички природи, сензибилни и интелегенти. Заеднижки им е стремежот кон новини и возбудувања, а тоа може да биде главната прижина за нивното зближување. Нивниот љубовен живот ќе биде повеќе отколку добар, затоа што и еднот и другиот знаат да го возбудата партнерот, а само заеднижкиот живот ќе им ја пружи целата потребна стимулација. Малку е веројатно дека некој трет може да ја загрози нивната врска, затоа што ни еден нема да му придава посебно внимание на неверството. Иако двајцата се нестабилни сепак врсдкта може да биде извонредна.

ВАГА и РАК
На самиот почеток не се разбираат. Двајцата се на извесен начин несамостални и очекуваат од другиот да се грижи за нив. Ракот од Вагата очекува повеќе снага, а Вагата од Ракот повеќе иницијатива. Преголемата сентименталност може да ги уништи. Нивниот љубовен живот ќе се претвори во вистинска војна на емоции  против рзумот. Вагата не е личност која ја цени телесната стимулација, а Ракот тешко ја разбира нејзината потреба за менталем поттик. Оваа врска може да успее само ако двете страни имаат доволно одлучност.

ВАГА и ЛАВ
Двајцата се романтични и склони кон естетика и уметност. Ако мажот е Лав ќе биде горд на својата женичка Вага. На прв поглед се сложуваат но претераната нарцисуидност може суштински да ги оддалечи. Мораат да се одрекнат од преголемата желба за допадливост. Како пар ќе бидат многу популарни меѓу своите пријатели. Во љубовниот живот Вагата, благодарејќи на Лавот ќе биде стално ангажирана и среќна. Двајцата лесно ја изразуваат својата љубов и сакаат меѓусебно да се усреќат во креветот. Оваа врска е многу жестока, но сепак поволна.

ВАГА и ДЕВИЦА
Вагата е премногу неодговорна и недопирлива за рационалната Девица. Девицата од неа очекува, сигурност која Вагата никогаш неможе да и ја овозможи, додека Вагата ја нервира ситничавоста и перфекционизмот на Девицата. На сексуалниот план, нивните разлики е невозможно да се усогласат. За Девицата сексот е активност која има своја цел и со која се занимава одвреме на време, додека за Вагата тоа е дел од начинот на живот и една од главните преокупации. Ваквите разлижни ставови донесуваат невољи. Не се на иста бранова должина.

ВАГА и ВАГА
Овие двајца брзо ќе се шармираат, ќе ги поделат своите слични интересирања, посебно во друштвениот живот. Имаат исти потререби за убавина и естетика, но ќе им трееба некој трет, за нив да работи. Ќе живеат сложно додека имаат пари. Привлечноста меѓу нив може да биде неодолива. И двајцата многу ќе се трудат да се задоволат обајцата. Но нивната врска може да ја загрози некој трет, затоа што спротивниот пол многу ги привлекува. Со некој вид на договор во кој ќе бидат вклучени и неверства оваа врска може да биде добра, но ретко долготрајна.

ВАГА и СКОРПИЈА
Ги привлекува некаква магнетна сила но суштински се многу различни. Може да се случи обострано да се повредуваат, а никогаш да не успеат да се разделат. Најчесто страда Вагата како послаба од Скорпијата. Двајцата имаат снажни сексуални потреби, но во Скорпијата се само емоции и страст, додека на Вагата и е потребно ментално стимулирање и возбудување за да остане со некого повеќе време. Во оваа заедница највероватно ќе владее или љубов или омраза, затоа што компромиси или златна средина не ги задоволува ни едниот ни другиот.

ВАГА и СТЕЛЕЦ
Добро се сложуваат и нивните слични интересирања можат да им помогнат долго да останат заедно но со еден предусклов, а тоа е обострано неверство. Нивната врска со времето може да се претвори во пријателство. Иако оваа заедница делува совршено, силната привлечност меѓу нив сигурно нема долго да потрае, затоа што двајцаат сакаат животот постојано да им се менува. Но времето кое го поминале заедно нема да можат никогаш да го заборават. Нивниот сексуален живот е нешто посебно. Врската повеќе личи на дива лудост, отколку на нешто озбилно.

ВАГА и ЈАРЕЦ
Вагата лесно се повредува, а Јарецот е строг судија. Мала е веројатноста дека воопшто ќе се привлечат. Можеби ќе можат да функционираат на взаемно надополнување, но со доста неразбирање. Напнатоста меѓу нив се зголемува и заради нивниот сексуален живот, затоа што Јарецот е преокупиран со кариерата и тоа ќе го оддалечува од Вагата. Вагата неможе да остане долго во оваа врска и многу брзо ќе се обиде со некго, кој ќе биде поосетлив на нејзиниот шарм. Ова не е мудра врска, затоа што се работи за многу спротивни карактери.

ВАГА и ВОДОЛИЈА
Двајцата ја почитуваат слободата на партнерот и се со сличен теперамент. Меѓутоа на Водолијата и смета површноста на Вагата и потребата за монденски излегувања. Можат да останат заедно под услов секопј да има свој друштвен односно, интелектуален свет. Иако сексот на Водолијата не и значи многу, Вагат може тоа да го промени. Вагата ќе и покаже на Водолијата како да го употреби својот оригинален ум во таа сфера од нивниот однос и ќе и открие што се може да се стори со малку фантазија во сексот. Ова е многу стимулативна врска.

 

ВАГА и РИБИ
Два емотивни и сентиментални знаци кои и покрај тоа не се разбираат. Вагата е свртена кон надворешниот, Рибите кон внатрешниот свет. Суштински не се разбираат и многу страдаат. Можеби само Ќе се разминат во животот без задржување. Нивниот љубовен живот би можел да биде во ред, под услов Вагата да ја контролира својата склоност, премногу да бара. За да има складен живот Вагата ќе мора партнерот Риби да го стави пред своите желби, што таа многу тешко може тоа да го постигне. Во секој служај многу комплицирана врска.