ВАГА
Работа
Карактеристично за 2024 е тоа што преку целата година ќе бидете вклучени во некои турбуленции на работното место кои на моменти ќе бидат доста позитивни, а на моменти крајно негативни. Посебно ова се однесува за родените во втората и третата декада од кои родените во втората декада ќе бидат повеќе во позитивниот дел, а родените во третата декада во негативнинот дел на турбуленциите. Во Јануари доста добро ќе комуницирате, ќе бидете шармантини и слаткоречиви токму во вашиот стил. Успешноста во комуникациите можеби ќе ви донесе ново работно место и тоа за неколку скали повисоко од очекуваното. Ве очекува и некоја хармонизација во работата со соработниците особено поволни стануваат односите со тајните непријатели кои несвесно ќе ги контролирате преку целата година . Во Фебруари можни се патувања на подолги релации. Кои нема да бидат поврзани со работата, па највероватно во овој период ќе отсуствувате од работното место во Март настанува вистинска ерупција на работното место, нови проекти, нови соработници, деловни партнерства и сл. Ќе бидете целосно ангажирани и посветени на работата, а многу малку време ќе наоѓате лично за себе. Ваквата состојба продолжува и во летниот период во кој одлично ќе ви бидат аспектирани односите со претпоставените и соработниците, ме”утоа ќе се појави некој застој во напредувањето во кариерата. Пролетниот период не е добара за јавни настапи и медиуми и за оние кои работата со маси. Пошироките комуникации ќе ви бидат негативно аспектирани, па затоа во овој период најдобро е да се концентрирате на работата со потесниот круг на соработници со кои имате добри односи и да завршите со проектите во планираниот рок. Во Мај се ослободуваат пречките планетите се целосно на ваша страна, па искористете ги сите можности за напредување во кариерата. Ќе имате пречки од некои ваши соработници кои не се многу среќни со вашиот напредок, меѓутоа во тоа не можат да ви наштетат ама баш никако. Единствено како пречка можат да се појават проблемите во љубовта кои ќе ви одземаат дел од драгоценото време. Јуни е добар за усовршување на знаењето посета на семинари, обуки, запишување на постдипломски студии, а исто така е одличен за учениците и студентите. Јули ќе биде во знакот на огранижувањата и конфликтеи со авторитети, внимавајте во односот со претпоставените во повој период зависите многу од нив. Во август продолжуваат проблемите на работното место ќе се чуствувате како сите да се завртени против вас бидејќи вашите најблиски соработници застанале на страната на претпоставените. Септември треба да внимавате од финансиски загуби, избегнувајте брз и ризични вложувања бидејќи во нив ве очекуваат само заблуди. Со влегувањето на Сонцето во вашиот знак ситуацијата значително се подобрува, вашата психичка состојба се стабилизира, комуникациите се подобруваат а и бизнисот почнува да цвета. Ноември исто ткаа е погоден за финасиите, меѓутоа не и за оние кои се во судир со законот. Брзи, нагли и рискантни зафати носат добивка, па во овој период добро е да бидете малку поодлучни. Во целост 2024 година е одлична за работа, особено е добра за напредување во кариерата, нови работни места и вработувања.



Љубов
Зимскиот период ќе бидете доста пасивни во љубовта. Ќе бидете целосно затворени, а можеби причината ќе бидете во вашата презафатеност на работното место. Овој период е поволен за хармонизирање на односите во семејството. Највероватно добрата финансиска сотојба ќе реши голем број од вашите проблеми, а посебно се решаваат некои проблеми поврзани со здравјето или грижа за некој болен член во семејството. Во март влегувате во живот ќе имате доста дружења со личности од спротивниот пол кои највероватно многу од нив ќе прераснат во љубовни врски, меѓутоа тоа ќе се случи во Април. Дружењето со Близнаците ви е доста поволно, а исто така овие личности во овој период доста ќе ви го пополнуваат слободното време со хумор и забава. Овој месец не е поволен пак за оние претставници во брак. Можни се конфликти со брачниот партнер на релација работа или родители. Во Мај овие проблеми ќе бидат надминати. Во овој период ќе се одликувате со голема сексуална енергија страстите ќе ви бидат разгорени, па затоа во љубовта нема да имате големи проблеми. Во летниот период можни се кратки љубовни авантури со странци, меѓутоа истите не се препорачуваат за месец Август. Во овој период можат несреќно да завршат да бидете измамени или да се почуствувате искористени. Месец Септември ве оЃчекуваат нкои конфликти со постари членови од семејството највероватно татко. Ќе бидат разгорени некои стари нерешенни проблеми повторно, највероватни некои имотни прашчања нерешени финасиски проблеми и сл. во месец Октомври овие проблеми делумно ќе стивнат, но сеуште ќе бидат присутни. Во овој месец можна е тајна љубовна врска или некаков флерт кој за малку нема да биде откриен. Во ноември односите во семејството се подобруваат заедно со подобрувањето на финасиската состојба, меѓутоа овој период е лош за свежите љубовни врски коинајвероватно во овој период ќе бидат прекинати. Во целост 2024 година ќе биде поволна за љубовта без некои позначајни случувања. Единствено што треба да внимавате се односите во семејството за чие решавање ќе ви треба малку поголема флексибилност и толерантност.



Здравје
Се до крајот на зимата планетите ќе ви донесуваат доста сила, енергија, волја и истрајност во се што ќе работите. Планетите за проелтниот период налагаат зголемена внимателност од повреди, но исто так и загрозување на вашето здравје, првенствено намалување на имунитетот поради енормното трошење на енергијата. Покрај исцпеноста и ангажирањето на сите полиња постои опасност од некакви инфекции и вирусни заболувања осовено кај родени во првата декада. Обрнете внимание на вашето здравје во овој период, а доколку се занимавате со спорт на евентуални повреди. Постои опасност од повреда на тетивите. Во есенскиот период здравјето ќе ви биде просечно, меѓутоа преголемата мрзеливост и физичката неактивност ќе ви наметнуваат чести главоболки и лошо расположение. Не оставајте се за последните рокови тоа ќе ви претставува дополнително оптеретување и нервоза. Нека не ве изненадуваат некакви болки во половината кои можат да завршат со лекарска интервенција и тоа најповеќе поради несоодветна положба при лежењето.