ВАГАТА

Вагите лесно се заљубуваат, питоми се, префинети, отмени и претпазливи. Она што цел живот ги преокупира е прашањето на бракот, интимното соединување, соживот со некого и нејзината улога во сето тоа. Најголемиот број Ваги се наоѓаат себеси во брачната заедница, а ако такво нешто во животот не им се служи сепак му посветуваат многу мисли и време. Имено тие имаат многубројни и разновидни односи со спротивниот пол кои не се секогаш јасно одредени, но и намерите не се докрај искажани. Многу често во животот доаѓаат до критични периоди и како сите настани да ги водат на мртва точка од која ќе мора да тргнат со дупла сила. Донесуваат крупни одлуки но споро ги остваруваат затоа што вагите по природа се неодлучни. Од страв да не направат грешка на проблемот му пристапуваат многу внимателно и споро, го претресуваат проблемот од сите старани и се преиспитуваат себе и другите. Од навика да одолговлечуваатт и избегнуват конечност на одлуката Вагите имаат склоност да се врзуваат кон други за да добијат помош или идеја. Тешко донесуваат одлуки самостално. Карактеристично за припадниците на овој знак е што после неуспешниот брак или сериозната врска ги свртуваат своите животни текови, поточно го менуваат местото на живеење, работата, изгледот или склоностите.

ТОЈ
Мажот Вага е од оние кои лесно не се задоволуваат. На прв поглед е нежен, шармантен, пристоен и фин (што и во стварност е таков), па не се забелжува исклучителната страственост потисната под неговата мазна кожа. Тоа не е страственост Скорпионска, интензивна и драматична, туку нестрпливост да се биде посакуван, наклоност која мора некаде да се изрази. Венера е владетел на овој знак па затоа ова се најнежните мажи во зодијакот. Женскиот дел на неговата душа, се изразува во извонредното познавање на женската природа. Тој често тоа го злоупотребува со флерт, на кој незнае да му одолее, со заведување кое го усовршил до мајсторство. Но заведените жени му простуваат без негодување. Ако не сакате да бидете меѓу нив не гледајте го додека се насмевнува. Тоа заедно со слаткоречивоста му е најјакото оружје. За него животот е уметност  и под уметност го подразбира и освојувањето. Освен тоа што сакате со него да имате повеќе деца ќе морате да се помирите дека во неговиот живот постојат и повеќе жени. Но тој не е неверен. Неговото насмевнување, допирот, делењето на комплименти на понежниот пол често се сваќа како неверност. Сексот има важна улога во неговиот живот, иако предизвикот и освојувањето е она што го стимулира. Мажот Вага рано почнува да се интерерсира за спротивниот пол. Секоја жена која ќе одлучи да остане со него подолго време ќе мора постојано да се труди, да го контролира неговиот немирен поглед и секогаш Ќе мора да блеска, премногу да фантазира, или во спротивно неговото интересирање Ќе почни да се губи.

ТАА
Ќе ја препознаете по исклужителната женственост и елеганција. Нејзините очи како од срна, зборуваат за нејзиниот знак колку и нејзиниот стил и нејзината истанчаност во се. Таа е заедно со жената Рак најженствена од сите знаци на зодијакот. Нејзината отвореност и совршенато однесување во друштво, може да ги нервира другите жени, кои се позатворени и помалку вешти во контактите со другите, но впечатокот на површноста на Вагата најчесто е лажен. Зад нејзиното ведро однесување се крие многу емотивна природа, а на која, заради тоа, и е потребна заштита. Нејзиниот некритичен дух и отвореното восхитување према мажите и донесува голема популарност кон спротивниот пол. Нејзиниот извор на невољи ќе биде нејзината преголема добродушност затоа што нејзе и е тешко да ги повреди туѓите чувства и ретко го употребува зборот не, што често ја доведува до стресови и проблеми. Оваа жена едноставно ги привлекува компликациите, а не и е јасно зошто. Причината најчесто лежи во погрешното тумачењер на нејзината љубезност. Кога ќе откриете дека жената која сакате да ја освоите е родена во овој знак најпрво поканетеја на богата вечера во скап ресторан. Потрудете се да се однесувате машки, а под тоа таа подразбира кавалерство. Исто така облечете се вкусно, може и скапо изгледајте добро, разговарајте паметно. Жената Вага е извонредна сопруга. Целиот нејзин живот се врти околу нејзиниот маж, а тоа е често толку изразено, така што и дцата мора да се помират со второ место. Мајчинскиот инстинкт не е толку изразен и оваа жена човбекот кого го сака секогаШ ќе го става пред се останатао. Многу рано открива дека самата себеси неможе да биде доволна затоа она таа вистински може да се изрази само заедно со човекот кого го сака.