ВАГА
КАЛКУЛАТОР ЗА ПОДЗНАК

Вага-Овен
Оваа комбинација ја нагласува потребата за јак и авторитативен партнер. Храброста е нивна доблест и единствено се плашат да ја пропуштат приликата. Најважната лекција за оваа комбинација во животот е да престанат да се споредуваат со очекувањата на другите. Вагата Овен знае дека животот е авантура, предизвик и потрага за неШто ново. Ова се луѓе кои лесно се заљубуваат, нагли се личните односи и нестрпливи и
брзи во покажувањето на чувствата. Во желбата во се да бидат први, можат да остават многу работи зад себе недовшени.  

Вага-Бик
Ваквиот подзнак на Вагата и дава посебно чувство за вредност, способност на препознавање на туѓите потреби но и способност на нивното задоволување. За овие луѓе важно е да воспостават добар однос према сопственото тело. Нивниот романтичн живот е богат и разновиден но секогаш е потреребен некој облик на интелектуална стимулација за врската да може да потрае. На оваа комбинација знаењето и донесува сигурност, а посебно е привлечно знаењето за минатите настани, па често овие луѓе стануваат добри археолози, историчари или некои слични стручњаци.

Вага-Близнаци
Ова се весели луѓе . Нивниот глад за живот е огромен, а нагласеноста на Меркур во Вагата, битно ја намалува нејзината мрзеливост. Оваа комбинација дава луѓе со стил и тој им е важен и во љубовта во која всушност се цел живот заљубени. Подзнакот Близнаци дава влегување барем во една тајна врска во животот, што Вагите воглавниом не ги прави среќни. Имаат голема креативност која најлесно се изразува во некоја подвижна уметност, балет или театар, па дури и пантомима. Способноста на изразување на внатреШните потенцијали е многу голема, но тешкотија се јавува заради претераното влијание на туЃите идеи или планови.

Вага-Рак
Ова е комбинација на луѓе на кои им недостасува внатрешната рамнотежа. Посебно во она што се и во она што сакаат да бидат. Со нивниот живот сакаат самите да управуваат, но и со туѓите, што е нивна лоша мана. Се одликуваат со богата фантазија и претерана сензибилност. Во бракот луѓето со ваква комбинација се проблематични, односно тешко да најдат партнер кој им одговара. Тоа е најчесто некој кој личи на Јарец или некој многу постар или помлад. Имаат голема потреба за сопствен дом, а ако го немаат, несреќни се дури не го најдат.

Вага-Лав
Овие се луѓе кои поседуваат големо чувство за рамнотежа, такт, склоност кон луксузи, драматичност и креативност. Инаат нагласени способности за комуникација и често добри односи со браќата и сестрите, кои завземаат важно место во нивниот живот. Учењето им дава голема сигурност и тоа е најголем авторитет за нив. Секојдневниот живот им е секогаш по притисок. Плаќањето на сметките или одењето на механичар за нив е многу сложена работа. Љубовта им најдобриот начин за опуштање, слободна и полна со романтика.

Вага-Девица
Подзнакот Девица на Вагите им дава некои додатни таленти и способности, усмерувајќи е на практижни несекојднави работи. Се препознаваат по скапата облека и добриот стас. Надворешниот изглед за овие луѓе е многу важен и секогаШ се трудат да остават добро мислење кај другите. Луѓе со ваква комбинација најчесто живеат подалеку од родниот крај или стапуваат во два или повеќе брака. Хипохондријата е вообичаена за овие луѓе, а најчесто имаат лоша циркулација што е поврзана со нивната психа.

Вага-Вага
Овие луѓе најмногу личат  на Овнови. Агресивни се, брзи и динамични, а бараат и такви партнери. Некој кој ќе турка ѕидови и отвора врати силно и храбро. Овие се страствени луѓе и се што сакаат, сакаат одма. Љубезни се, дарежливи према другите и обижно нагласено привлечни. Често живеат во светот на соништата, а тешкотиите се појавуваат кога ќе увидат дека соновите им се наметнати. Деца не сакаат премногу или рано се одделуваат од нив. Исто така рано стапуваат во брак или без знаење на родителите.

Вага-Скорпија
Ова е најстраствената Вага. Нејзината привлажност скоро да е магична. Имаа голема желба да управуваат со другите. Најмногу ги интересира мистика и поезија, а изразуваат голема желба за танц. Бараат партнер страствен и стабилен. Неверствата не ги опростуваат, а доколку немаат поверење во партнерот, ќе го уништи и неговиот и својот живот. Често им се случува да се заљубат во некој кој не е слободен. Имаат изразени способности за трупање на богатство и на лесен начин го стекнуваат.

Вага-Стрелец
Ова се полнички луѓе, најчесто во средните години. Ги интересира филозофија и религија и секогаш имаат одговор на се, па и за теми кои не ги ни познаваат. Големи оптимисти се, и имаат способност тоа да им го пренесат на околината. Пријателството за нив е светина и се би дале да го зачуваат.  Од партнерот очекуваат пред се интелектуална стимулација. Имаат голема смисла за хумор. Кариерата за ови луѓе игра главна улога во нивниот живот, а работа која нејповеќе ги привлекува е: дипломатија, уметност и интериери.

Вага-Јарец
Ваквиот подзнак ја отстранува нестабилноста на Вагата, па така ова се најстабилните Ваги. Стравот да не се направи нешто погрешно е главна особина на овие луѓе. Многу се практични и неочекуваат премногу од работата која ја работат, па затоа почетоците им се многу тешки. Најчесто се среќаваат како архитекти, а воедно таа е професијата во која најповеќе успеваат. Бараат партнер нежен и грижлив кој ќе ги потсеќа на нивната мајка, што најчесто им се случува да одберат нестабилна личност.

Вага-Водолија
Ова е складна комбинација, често многу задоволна сама за себе. Ова се луѓе со голема инспирација и способност за длабоко филозовско размислување. Радозналоста е нивна препознатлива особина што често преминува и во безобразност. Неспретни се во работењето со пари и тоа најжесто заради недоволната верба во себе и недостатокот на самопочитување. Слободата е природна состојба за нив и никогаШ не и се одрекуваат па и да се во брак. Нивна најомилена професија (дупли воздух) е пилот.

Вага-Риби
Доста мека и нежна комбинација што жесто резултира со голема убавина, посебно кај жените. Ги интересира мистика, некоја виша уметност и религија. Причината за големата осетливост е нивното апсорбирање на сите проблми од околината и затоа ретко можат да стават граница помеѓу себе и околината. Секогаш се на страната на послабиот иако се плашливи. Страхуваат од осаменост и изолирање од друштвото, па во помладите години се дружат со постари, заради нивната стабилност.